Реал Мадрид повторно спасот го бара во Зидан

Раководството на Реал Мадрид се обрати до една од легендите на клубот и поранешен француски репрезентативец Зинедин Зидан за да му помогне на Килијан Мбапе да се прилагоди на шпанската престолнина.

Недостатокот на доволно сериозен придонес на Мбапе, кој беше ново ангажиран летото, станува проблем за мадриѓани, пишува локалниот весник „Спорт“.

Зидан одржува блиски односи со својот сонародник и прв го препорача на Реал Мадрид.

Клубот се надоврза на ова, верувајќи дека секоја порака од Зинедин Зидан до Мбапе ќе има поголема тежина, па затоа Реал побара од него да разговара со Килијан Мбапе и да го насочи во вистинската насока во неговата кариера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни