Реал ја совлада Барселона во спектакуларно Ел Класико и се зацврсти на врвот на Ла Лига

Реал Мадрид славеше над Барселона со 2:1 во возбудливо Ел Класико на „Бернабеу“. Мбапе и Белингем беа херои, Шчесни одбрани пенал, а Реал останува лидер во Ла Лига.
epa12480932 Real Madrid's Kylian Mbappe (2R) and Brahim (2L) attend the team's training session held at Valdebebas sports complex, Madrid, Spain, 25 October 2025. Real Madrid will be facing FC Barcelona in LaLiga EA Sports match on 26 October 2025. EPA/J.J. Guillen

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Барселона со 2:1 во возбудливото Ел Класико одиграно на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Натпреварот донесе три поништени гола, промашен пенал и вистински фудбалски спектакл во 262. пресметка на вечните ривали.

Првата сериозна шанса ја имаше Барселона уште во 1. минута, кога Маркус Рашфорд влезе во добра позиција, но неговиот удар го блокираше одбраната на Реал во последен момент.

Само минута подоцна, судијата Сесар Сото Градо досуди пенал за Реал по дуелот меѓу Винисиус Жуниор и Ламине Јамал, но по преглед на VAR, одлуката беше поништена – утврдено беше дека Јамал прв ја играл топката и дека нема прекршок.

Во 12. минута, Килијан Мбапе постигна маестрален гол, но по нова VAR проверка, погодокот беше поништен поради минимален офсајд – едвај еден сантиметар.

Сепак, во 22. минута, Џуд Белингем му асистираше на Мбапе, кој овојпат избегна офсајд и ја затресе мрежата за 1:0 и водство на Реал.

Домашните целосно ја контролираа играта во првиот дел час, а Хујсен имаше одлична шанса да зголеми, но Војчех Шчесни одлично реагираше.

Барселона првпат сериозно се закани во 34. минута, кога Феран Торес промаши од идеална позиција. Веднаш потоа Винисиус имаше нова можност, но полскиот голман повторно беше на висина на задачата.

Каталонците израмнија во 38. минута. Рашфорд одлично асистираше, а Фермин Лопез ја продолжи својата одлична форма и го совлада Тибо Куртоа за 1:1. Грешката ја направи Арда Гулер, кој ја изгуби топката при обид за контранапад.

Радоста на гостите траеше само пет минутиЏуд Белингем повторно беше во центарот на вниманието, овојпат како стрелец за 2:1.

Вториот дел почна исто возбудливо како што заврши првото полувреме. Во 49. минута, Ерик Гарсија играше со рака во својот шеснаесетник, па судијата по преглед на VAR досуди пенал за Реал.

Одговорноста ја презеде Мбапе, но Шчесни го прочита неговиот удар и одбрани.

Во следниот напад Барселона имаше можност за израмнување, но Фермин одлучи сам да шутира наместо да му додаде на Рашфорд, кој беше во подобра позиција.

Во 68. минута, Белингем повторно ја погоди мрежата, но и третиот гол на Реал беше поништен поради офсајд во почетокот на акцијата, кога Брахим Дијаз бил во недозволена позиција.

Ламине Јамал не успеа да се наметне — сите негови обиди беа успешно неутрализирани од одбраната на Реал.

Тренерот Џаби Алонсо го замени Винисиус Жуниор во 72. минута, што предизвика негодување кај Бразилецот, кој видно лут замина директно во соблекувалната.

До крајот на натпреварот, Барселона тргна во целосна офанзива во потрага по израмнување, додека Реал ги чекаше шансите од контранапади. Една таква имаше Мбапе, но шутираше крај голот.

Во 99. минута, Педри доби втор жолт картон и беше исклучен од игра.

Со оваа победа, Реал Мадрид се зацврсти на врвот на Ла Лига со 27 бодови, додека Барселона останува на второто место со пет бодови помалку.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни