Реакција на ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против новинарот Митовски

ЗНМ потсетува дека секој медиумски работник има право слободно да се движи и комуницира со различни извори и личности, без страв од јавна дискредитација или притисок. Предупредуваме дека ваквите организирани напади можат да имаат сериозни последици врз слободата на изразување и безбедноста на медиумските работници и истите можат да придонесат кон авто цензура

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро реагира на координираната онлајн кампања на вознемирување и дискредитација насочена кон уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, по објава на видео на социјалните мрежи од негова средба со поранешен претседател на влада. 

„Видео материјалот е злоупотребен со јасна намера да се креираат негативни наративи кон Митовски, кои потоа се шират преку провокатори, но и анонимни ботови, што резултира со масовна онлајн хајка, говор на омраза и повици за насилство. ЗНМ потсетува дека секој медиумски работник има право слободно да се движи и комуницира со различни извори и личности, без страв од јавна дискредитација или притисок. Предупредуваме дека ваквите организирани напади можат да имаат сериозни последици врз слободата на изразување и безбедноста на медиумските работници и истите можат да придонесат кон авто цензура.  Потсетуваме дека говорот на омраза и повиците за насилство на социјалните мрежи претставуваат кривично дело, за кое одговорност носат и оние што го поттикнуваат и оние што го извршуваат. Ги повикуваме сите јавни личности, политички субјекти и корисници на социјалните мрежи на свесност и одговорност во јавниот говор, особено кога се работи за лица активни во медиумската сфера. ЗНМ останува посветено на заштитата на слободата на изразување и достоинството на медиумските професионалци, се вели во соопштението на ЗНМ.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни