На 19 јули (сабота), Europe House Skopje заедно со „Комбо“ – здружение за креативна одржливост, започнува комунална градина – простор од каде секој ќе може да земе растение или цвет и да понесе делче зеленило дома.
Настанот почнува со едночасовна прошетка низ Гази Баба за собирање земја и гранки, а потоа во дворот на КОМБО. Тука, ќе се изработуваат саксии од стаклени и пластични шишиња, а потоа во нив ќе се засадуваат растенија.
Ова е почеток на комуналната градина на гелендерите на Коце Металец 1Ѓ, отворен простор за сите што сакаат да засадат, земат или споделат нешто зелено. Ќе има музика од цд плеер (секој може да си донесе нешто по свој вкус), домашно кафе, чај и сок од грозје за сите што ќе допринесат кон садењето на позелено утре.