Со новиот crowdfunding фестивал наречен РЕ-КУЛТУРА се означува почетокот на новата сезона бета-настани во Скопје.
Настанот почнува на 28. септември со целодневна дружба во кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ со музика, поезија, разговори со млади уметници, танц, пијачка и пазарење стари книги – сѐ во име на развој и поддршка на младите уметници!
РЕ-култура бидејќи со овој настан ја РЕанимира заедница сите заедно да креираат настани, културни случувања, да издаваат книги, музика и притоа сите заедно да го прават сето тоа.
РЕ-култура бидејќи со овој настан се РЕциклираат стари книги и им се дава втора шанса, втор живот во некоја втора (или можеби трета, четврта…) библиотека во некој од вашите домови.
РЕ-култура бидејќи со овој настан повторно и повторно се РЕстартира културата во овој град.
РЕ-култура бидејќи овој настан ја РЕфрешира македонската културна сцена со нови, млади, талентирани уметници што сѐ повеќе и повеќе загазуваат на сцената и, најважно, внесуваат новитети и промени.
И најважно, РЕ-култура бидејќи со овој настан се создава култура во неформални, алтернативни и јавни простори, се поддржуваат независните кафе-книжарници, се ослободува младинската култура и се креира, РЕ-креира и анимира заедницата – бидејќи само така се гради вистинска култура.
,,Затоа ве очекуваме на 28. септември на денски настани во „Илика“ со нашиот донаторски базар, диџеј сет на Ивана, разговор со младата поетеса Филипа Сара Попова и групна изложба на млади уметници, а на вечерни настани во „Буква“ со 11. издание на Поетска епизода и диџеј сет на Modem priest” порачуваат организаторите.