Рејф Фајнс ќе го толкува негативецот во новиот филм од серијалот „Игрите на гладните“

Англискиот актер Рејф Фајнс ќе ја игра улогата на претседателот Кориолан Сноу – главниот негативец – во новиот филм од популарната франшиза „Игрите на гладните“, насловен „Sunrise On The Reaping“.

Шеесет и двегодишниот Фајнс ќе се појави во екранизацијата на петтата книга од серијалот на Сузан Колинс, која излезе во март 2025 година и го продолжува наративот по оригиналната трилогија, снимена со актерката Џенифер Лоренс во главната улога како Катнис Евердин.

Новото продолжение ја следи приказната за младиот Хејмит Абернати, еден од ретките победници во Игрите на гладните од истиот округ како и Катнис.

Режисер на филмот е Френсис Лоренс, кој стоеше и зад продолженијата „Запалено“, „Сјај на слободата I“ и „Сјај на слободата II“. Тој го режираше и претходниот филм „Балада за песната птица и змијата“, базиран на романот од 2020 година, каде што младата верзија на Сноу ја толкуваше Том Блајт, а главната женска улога ја имаше Рејчел Зеглер.

Рејф Фајнс е најпознат по улогите на лордот Волдеморт во серијалот за Хари Потер и Амон Гет во „Шиндлеровата листа“, улога за која ја освои наградата БАФТА за најдобра споредна машка улога во 1994 година.

Премиерата на филмот „Sunrise On The Reaping“ е закажана за 20 ноември 2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни