Приказната на Star Wars: Starfighter ќе биде пет години по „Подемот на Скајвокер“ од 2019 година, се вели во соопштението за медиумите на Лукасфилм.
Филмот е „сосема нова авантура со сосема нови ликови сместена во временски период кој сè уште не е истражен на екранот“, се вели во соопштението.
Режисер е Шон Леви, а продукцијата започнува наесен. Леви го режираше филмот на Марвел „Дедпул и Вулверин“ од 2024 година и епизодите од ТВ серијата „Stranger Things“ на Нетфликс.
Актерот Рајан Гослинг три пати беше номиниран за Оскар, а последен пат за улогата на Кен во филмот „Барби“ од 2023 година.
„Војна на ѕвездите“ е научно-фантастична франшиза создадена од Џорџ Лукас во 1977 година и сместена во далечна, далечна галаксија.
Филмовите од „Војна на ѕвездите“ донесоа повеќе од 5,1 милијарда долари на кино благајните ширум светот.