Разводот на Џоли и донесе 80 милиони долари, а таа е во фустан на кој пишува „Тагувам“

Холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит ја завршија осумгодишната битка за развод и неколку дена, веќе официјално се на слобода.

Нивната љубовна приказна, која неславно заврши, е една од уникатните во Холивуд, бидејќи тие важеа за омилен пар.

По долгогодишна борба на суд, Анџелина Џоли, го „напушти“ бракот, побогата со 80 милиони долари. И покрај предбрачниот договор, Џоли и Пит имаа неколку спорови, а меѓу нив најглавен беше замокот во Франција.

Анџелина за прв пат се појави во јавноста откако официјално се разведе на меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс, каде беше со својата ќерка Захра.

За оваа прилика Џоли блесна во предимензиониран црн фустан врзан околу вратот, без додадени детали. Некои дури коментираа дека Анџелина избрала прилично обична варијанта, иако фустанот е прекрасен.

„Како да тагува“, беше еден од коментарите.

До неа беше Захара во свечен бел фустан со уникатен дизајн. и Анџелина и нејзината ќерка не можеа да ги сокријат насмевките.

Сега Бред ќе може да ја официјлизира врската со убавата Инес де Рамон, со која веќе некое време ужива во љубовта. Ако им се верува на странските медиуми, таа извршила големо влијание врз неговиот живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни