Разводот е разделба на сопружниците, грижата за децата останува заедничка

Некои од последиците коишто се поврзани со разводот ги вклучуваат проблемите со однесувањето, академските и психолошките проблеми. Иако, ова не може секогаш да биде вистина, студиите укажуваат на тоа дека поверојатно е децата од разведени семејства да доживеат проблеми во однесувањето, отколку оние од неразведените семејства.

Истражувањето направено на Универзитетот во Северен Илиноис за студиите за семејство и дете укажуваат дека разводот може да има позитивно влијание на семејствата поради помалиот број на конфликти во домот. Сепак, постојат многу случаи во кои односот родител- дете може да настрада во текот на разводот. Многупати финансиската поддршка се губи кога возрасен човек минува низ развод. За да ја задржи финансиската стабилност, тој е обврзан да работи дополнителна работа. Во спротивно, ова може да доведе до негативен однос помеѓу родителот и детето. Односот, исто така може да настрада поради недостигот на внимание кон детето, како и минимален родителски надзор. Освен тоа, студиите покажуваат дека вештините на родителите се намалуваат по разводот; сепак, овој резултат е само привремена промена.

„Многу сопружници се обидуваат да комуницираат еден со друг преку детето“, вели М. Гери Нојман, експертот за семејство и разводи. Тој ги советува поранешните сопружници како да се разделат без предизвикаат емоционално нарушување кај детето, на долг рок. Тој додава и дека тоа предизвикува прекумерен емоционален стрес кај децата и ги принудува и тие да преговараат за ситуација што нивните родители не можат да ја решат“.

Меѓу другото Нејмон укажува дека барем во денешно време нема изговор, а не пак причина детето да е каналот за комуникација. Тој ги советува брачните парови кои се во процес или пак се веќе разведени да го искористат интернетот како средство за комуникација. На тој начин конкретно ќе разговараат за се што е потребно, без притоа да предизвикуваат трауматични искуства кај детето.

„Доколку сакате или треба да разговарате со бившиот по телефон или лично, останете фокусирани на темата и што е најважно, не наседнувајте ако сака да ве фати на емоциии. Едноставно кажете: „Ги ценам твоите чувства, но тука сум да разговарам за родителската средба на нашето дете“. Емоционалното здравје на вашето дете зависи од тоа.

Детето не е психотерапевт

„Тинејџерите сакаат да чувствуваат дека ги имаат работите под контрола, а разводот на нивните родители често им ги изместува плановите“, вели Нојман.

Тој истакнува дека иако не злонамерно, сепак родителите грешат што со многу емоции го доживуваат разводот пред своите деца кои се во тинејџерски години.

„Не дозволувајте вашите деца кои се на возраст на тинејџери да служат како ваш психотерапевт. Мислам на тоа дека детето не треба да е сведок на вашиот гнев и бес кон поранешниот парнер. Напротив со детето треба да се однесувате како родител дури и во такви ситуации“, додава Нојман.

Обидете се да допрете до вашите деца

„Децата треба имаат чувство дека ги разбирате и сфаќате“, рече Нојман, бидејќи по разводот чувствата кај децата минуваат како низ бура.

„Слушајте ги. Не кажувајте им што да мислат. Можеби е тешко, но никогаш не го критикувајте бившиот – тој е негов татко/мајка. Секоја упатена критика кон поранешниот сопружник е создавање некаква слика во главата на детето за тоа каква личност е другиот родител.

„Можете да му предложите на детето да ги запише своите чувства и да ги сподели со вашиот поранешен сопруг или сопруга, но само ако детето сака да го стори тоа. Останете фокусирани на чувствата на детето, а не на вашите.

Поправете ја штетата што сте ја направиле

Многу разведени родители можат да ги препознаат грешките што ненамерно ги направиле кон своите деца, сметаат експертите.

Дали понекогаш е предоцна да се промени емоционалниот исход на детето? „Не, децата многу простуваат“, вели Нојман, „барем додека не стигнат до доцните тинејџерски години, кога гневот може да стане т.н фиксиран гнев. Ако сте направиле грешки, важно е да го направите следново:

Да се ​​извините за нив: Кажете детално што сте згрешиле и потоа направете пресврт во вашето однесување од тој момент па натаму.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни