Развиен „паметен“ инсулин што реагира само кога е потребно и ќе се зема еднаш неделно

Фото: i-SENS, USA

Научниците развиле нова врста на „паметен“ инсулин кој реагира и се активира само при промена на нивото на шеќер, што би можело значително да влијае на здравјето и квалитетот на живот на милиони луѓе низ светот.


Пациентите сега мораат да си вбризгуваат синтетички инсулин неколку пати дневно за да водат нормален живот. Константната флуктуација помеѓу високото и ниското ниво на шеќер во крвта предизвикува акутни, но и хронични здравствени проблеми и има големо влијаение врз менталната состојба на пациентите.


Научниците сега пронашле решение за кое се тврди дека е нешто најблиску до лек за дијабетес тип 1 – „паметен“ инсулин кој чека во телото и се активира кога тоа е потребно.  Експерти од САД, Австралија и Кина наведуваат дека успешно смислиле нов тип на инскулин кој имитира природен телесен одговор за менување на нивото на шеќер во крвта и реагира веднаш.

Вообичаените дози на инсулин го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, кога влегуваат во телото, но после тоа не може да помогнат за идни промени, што значи пациентите мораат да го следат нивото на шеќер во крвта повеќе пати во текот на денот и да внесуваат инсулин.

Новиот тип на инсулин наречен ГРИ (glucose-responsive insulins) се активира кога во крвта ќе се акумулира одредена количина шеќер, за да се спречи хипергликемија. Штом нивото на шеќер во крвта ќе падне под одредена точка, инсулинот станува неактивен за да се избегне хипокликемија.

Во иднина пациентите ќе треба да примаат инсулин само еднаш неделно, веруваат експертите.

Шест проекти развивале различни видови на „паметен“ инсулин. Во нив се вклучени тимови од Универзитетот Стенфорд од САД, Универзитетот Монаш од Австралија и Универзитетот Жеџијанг во Кина. Нивна заедничка цел е да го забрзаат развојот за новиот инсулин да може да се користи наскоро.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни