Search

„Разведи ме“ на програмата на Скопско лето

Вечерва со почеток од 20:30 часот во Сули ан гостува театар Провокација со претставата „Разведи ме“.

Во претставата играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а делото беше добитник на наградата Гранд При на „Фестивалот на дуо драмата” во Топола – Србија.

„Дали неверството мора да се запечати со развод? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор, со кој ќе го спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали после неверството сме засекогааш емотивно оштетени луѓе, кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат. Дали вреди да се продолжи бракот, заради децата? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа?

Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено- морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвената – љубовта“, стои во најавата за претставата.

Драматизацијата е на Роберт Ристов а ја работеше по мотиви од урбаните сценарија:„Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“. Значителен дел од дијалозите во текстот, се негови авторски парчиња.

Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски-Чоре (таткото).

Зад режијата, сценографијата и изборот на костими е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.

Најново

Последни колумни