Разрешен директорот на неврохирургија проф. д-р Игор Кузмановски

Разрешен директорот на неврохирургија Игор Кузмановски

По скандалозното видео на социјалните мрежи на кое наводно се гледа како директорот на неврохирургија проф. д-р Игор Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице, беше разрешен,

Министерството за здравство попладнево информираше дека министерот Азир Алиу денес донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.

„Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено.“, стои во соопштението од министерството.

На видеото Кузмановски говори за квалитетот на „робата“, но и за дилери за кои тврди дека со нив многу добро знае како да се однесува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни