Разорни поплави во Кина, најмалку 10 мртви, над 30 исчезнати

Најмалку десет лица загинаа во силни поплави во северозападна Кина, додека 33 лица се водат како исчезнати, објави државната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на локалните власти

Постојаните дождови, кои започнаа во четврток навечер, предизвикаа ненадејни поплави во округот Јужонгу, во покраината Гансу. До пладне по локално време, делови од Јужонг добија околу 220 милиметри вода во петокот, според покраинската влада.

Ксинхуа објави дека осум локални села се сериозно погодени и дека поплавите оштетиле инфраструктура, вклучувајќи патишта и електрична енергија. Вкупно, околу 10.000 луѓе беа спасени. Властите издадоа највисоко ниво на предупредување за можни лизгања на земјиштето, објави агенцијата.

Други делови од Кина, исто така, се борат со последиците од бурата. Во јужниот кинески град Гуангжу, седум лица загинаа во среда кога лизгање на земјиштето предизвикано од поплави затрупа куќи во округот Бајјун. Минатата недела, најмалку 60 лица загинаа во и околу Пекинг како резултат на обилните дождови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни