Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри и бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала.
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа северно од Хондурас во Карипското Море, објавија бројни меѓународни истражувачки центри.
УСГС додаде дека епицентарот се наоѓал на околу 200 километри југозападно од Џорџтаун на Кајманските Острови. Не се знае дали е причинета некаква штета.
Ова е најголемиот земјотрес во регионот од 2021 година, кога земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Хаити, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот е на сила предупредување за цунами во Карипското Море и северно од Хондурас, додавајќи дека не се очекува цунами на американскиот брег на Атлантикот или на Заливот.
Тој систем издаде и предупредување за цунами за Порторико и Девствените Острови.