Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 16 километри, 38 километри источно од Рашт, во Таџикистан.
Засега нема информации за евентуално повредени лица или материјална штета.