Разликата во години и должината на врската

Луѓето често велат дека љубовта е слепа, но според новите истражување, разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врската помеѓу партнерите.

Според студијата која ја спровел Универзитетот „Emory“ во Атланта, колку што е поголема разликата во годините, поголема е и шансата за раскинување.

Сепак, истовремено се наведува дека едногодишната разлика е најидеалната опција.

По анализа на 3.000 луѓе, откриено е дека паровите со петгодишна разлика во годините имаат 18 отсто поголема веројатност дека ќе раскинат од паровите кои се на иста годишна возраст.

Интересно е тоа што бројката се зголемила на 39 отсто за паровите со 10 години разлика во годините и изненадувачки 95 отсто за оние со 20 години разлика.

Спротивно од мислењето, истражувачите веруваат дека најидеална е едногодишната разлика меѓу сопружниците и дека токму таквите имаат најмали шанси да раскинат, а тие изнесуваат само три отсто.

Извор: 021.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни