Разлика до 20 степени меѓу утринските и дневните температури

Голема температурна разлика во Македонија – утрински минусни вредности и дневни температури до 20 степени. Неповолни биометеоролошки услови за метеопатите.

Големата разлика меѓу утринските и дневните температури деновиве создава неповолни биометеоролошки услови во Македонија. Во ноќните и утринските часови температурите во поголем дел од земјата се под нулата, со појава на слаб мраз, додека преку ден достигнуваат пролетни вредности.

Разликата меѓу минималните и максималните дневни температури изнесува и до 20 степени, што претставува значителен температурен шок за организмот.

Ваквите нагли промени особено негативно влијаат врз метеопатите, кај кои може да се појават главоболки, замор, варирање на крвниот притисок и други здравствени тегоби. Истовремено, зголемен е и ризикот од настинки и вирусни инфекции.

Според најавите, ваквата состојба ќе продолжи и во наредните денови. Минималните температури ќе останат зимски, со вредности под нулата во повеќе региони, додека преку ден, особено во Повардарието и југоисточните делови од земјата, живата во термометарот ќе се искачува и до 20 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни