На 2-ри април 2026 година, четврток, со почеток во 20:00 часот, на академската сцена на Факултетот за драмски уметности, е организиран разговор со Дејан Дуковски.
Од „Балканот не е мртов“ и „Буре барут“, до „Маме му ебам кој прв почна“, „Друга страна“ и „Утерус“, драмите на Дуковски создаваат специфична театарска текстура исполнета со цитати, иронија, балканска стварност и силен општествен коментар.
Неговото творештво ја носи во себе македонската драмска традиција, но истовремено ја преиспитува и ја трансформира, создавајќи моќен и автентичен театарски јазик кој директно комуницира со времето во кое живееме.
Настанот е организиран во рамки на програмата „Автор во фокус“ МТФ „Војдан Чернодрински“ и Факултетот за драмски уметности.
Разговорот со Дејан Дуковски е можност одблизу да се запознаеме со еден од најзначајните современи македонски драмски автори.