Воведни говорници на дискусијата ќе бидат Флавиус Илони Лога, претседател на асоцијацијата ЛОГС од Романија; Јане Розбитскаја, куратор и претседател на организацијата Фаина УА; Софија Ковалова Украински уметник; Никола Димитров од Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција, Иван Аџиевски и Ѓорѓе Јовановиќ – Уметници.
Мултимедијалниот настан „Украина е…“ кој е закажан за утре (среда 09ти) има за цел да ја зголеми свеста за состојбите со кои се соочува Украина заради Руската агерисја и на тој начин да придонесе кон ширење на вистините за случувањата во Украина, како и да ја зголеми солидарноста кон милиони украински бегалци раселени насекаде низ Европа. Настанот се состои од 3 елемента односно изложба, музички дел и дегустација на традиционална украинска храна.
Изложбата „Украина е…“ претставува кураторски концепт на украинската кураторка која моментално живее во Темишвар, (Романија) Јана Розбицкаја, кој преку серија фотографии ги претставува најважните карактеристики на современата и традиционалната украинска култура, но ги презентира и придобивките што Украина и украинската култура ги дале на целиот свет.
Музичкиот дел е планиран со настап на украинските вокални изведувачи Ана Бречко, Софија Ковалова и Лесја Баженова кои ќе интерпретираат модерна и традиционална украинска музика.
Финално на настанот посетителите ќе имаат можност да дегустираат вкусови и ароми на традиционална слатка украинска храна, домашно приготвена со љубов од украинските бегалци кои се наоѓаат во Романија.