Разгалено куче одбива да влезе во автомобил освен ако сопственикот не му помогне

7 милиони прегледи

Скоро и да нема човек кој не ги сака Бернески планински кучиња. Сопственик на едно такво мака мачи со него кога треба да одат на патување.

Тој објави видео на TikTok во кое бара од Луна да седне на задното седиште, но таа само го гледа. Откако сопственикот сфатил дека нема да може да ја убеди сама да скокне во автомобилот, ја зема и ја внесува во возилото. Судејќи по изразите на лицето, тој се измачил, што не е чудно, бидејќи знаеме дека се работи за раса чија тежина достигнува и до 50 килограми.

Слаткото видео собра 7,8 милиони прегледи, а можете да го погледнете во продолжение.

Фото: принтскрин

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни