Разбиена огромна мрежа на проституција во Албанија

Во известувањето до медиумите, обвинителството информира дека се приведени и под истрага се 48 жени од различни националности

Во акција на Обвинителството за разбивање мрежа на проституција во Тирана, приведени се 19 лица, од кои девет се албански државјани, а десет се од Колумбија. За уште три лица е издадена потерница.

Во известувањето до медиумите, обвинителството информира дека се приведени и под истрага се 48 жени од различни националности.

“Лицето Лукас Бетанкур (25), уапсено во Колумбија, бил организатор на групата и имал главна улога во регрутирањето девојки од земји на Латинска Америка и организирањето на нивното патување и сместување во Албанија, каде што потоа биле принудувани на проституција.”

Во соопштението на Обвинителството се наведува дека девојките биле насилно задржувани, а на нивните семејства им било се заканувано доколку тие се обидат да побегнат.

Албанскиот државјанин Дритан Сукај бил главен во управувањето со мрежата во Тирана. Асел Адришева и Кејвин Ндреу биле задолжени за неколку девојки од Казахстан, додека Денис Бериша, член на групата, ги дрогирал девојките и им наоѓал муштерии.

“Собраните средства од оваа активност лицето К. П. , ги инвестирало во криптовалути на сметката на Лукас Бетанкур кој е уапсен во Колумбија.”

“Активноста била спроведена во хотелот на Илир Гугаши, кој се наоѓа на улицата „Решит Чолаку“ во Тирана”, се потенцира во известувањето.

Оваа акција против мрежата за проституција се оценува како најголема во државата. Во август минатата година беа приведени неколку кинески државјани кои ги регрутирале девојките и ги присилувале на проституција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни