Ратко Радовановиќ и Пау Гасол влегоа во кошаркарската Куќа на славните на ФИБА

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) на свечена церемонија во Бахреин прими седум нови членови во своја Куќа на славните, меѓу кои најзвучни имиња се легендарниот југословенски кошаркар Ратко Радовановиќ и двократниот НБА првак, Шпанецот Пау Гасол.

Нови членови на Куќата на славни на ФИБА се и Алфонсо Биле (Брегот на Слонова коска), Ендрју Богут (Австралија), Леонор Борел (Куба), Ел Катиб (Либан), Тиша Пишеиро (Португалија) и Даун Стејли (САД).

Единствениот тренер кој оваа сезона влезе во Куќа на славните е прославениот американски селектор Мајк Кжижевски. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни