Расте водостојот Дунав -Унгарија, Србија и Хрватска се подготвуваат за поплави

Во информацијата на српскиот Хидрометеоролошки завод се вели дека Дунав најголем ниво на вода ќе има меѓу 25 и 28 септември

Водостојот на реката Дунав продолжува значително да расте и се очекува викендов да достигне максимално ниво.

Хидрометеоролошкиот завод на Србија најави дека растот ќе продолжи да се случува во следните неколку денови.

Според објавеното, први на удар од поплави се жителите на градот Апатин, каде интензивно се преземаат мерки за заштита.

Очекувањата се дека во сабота водостојот на Дунав драматично ќе се зголеми во Нови Сад, додека следниот ден, поточно в недела на 22 септември на удар ќе биде Бачка Паланка.

Во информацијата на српскиот Хидрометеоролошки завод се вели дека Дунав најголем ниво на вода ќе има меѓу 25 и 28 септември.

Во Хрватска веќе се поставуваат вреќи со песок на кејот на реката, а во главниот град на Унгарија Будимпешта, водостојот достигна до Парламентот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни