Бројот на загинатите во поплавите кои ги предизвикаа силни дождови во американските сојузни држави Џорџија и Кентаки, се зголеми на девет, јавува АП.
Претходно беше соопштено дека четири лица загинале, откако поголемиот дел од Соединетите Американски Држави се соочиле со силни дождови кои предизвикале поплави на југоистокот на земјата.
Во исто време, на северот на САД се прогнозира дека температурите ќе достигнат -45 степени Целзиусови, а предупредувања за торнада се издадени за делови на Џорџија и Флорида.