Расте бројот на мозочни удари во Штип, најмладиот пациент има само 30 години

Лекарите предупредуваат дека сè повеќе млади лица се соочуваат со мозочен удар. Најризични се мажите, лицата со висок притисок, шеќер и фамилијарна историја на болеста.

Расте бројот на пациенти со мозочни удари, најмладиот пациент кој регистриран на Одделот за неврологија при Клиничка болница-Штип има само 30 години. Лекарите алармираат, пикот е кај 55-годишните, а најризични се мажите и лицата со семејна историја на болеста. Елена Јовева, доцент на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, вели дека главни причини се висок крвен притисок, шеќер, масти во крвта, пушење и алкохол.

„Постојат ризик фактори за појава на мозочен удар, од кои што некои можеме да ги промениме, тоа се модифицирачки, но некои не. Од немодефицирачките е возрасната група со пикот на 55 годишна возраст до 69, меѓутоа пикот е 55 годишна возраст. Најмладиот пациент што сме го имале е околу 30 годишна возраст, меѓутоа зависи и од карактерот на мозочниот удар. Исто така, битен фактор е и полот, а мажите се повеќе изложени за можности на добивање на мозочен удар, а исто така и фамилијарната анамнеза. Други фактори на кои можеме да влијаеме и кои што можеме да ги редуцираме со цел да го намалиме ризокот за мозочен удар е регулација на кардиоваскуларните ризик фактор, како висок крвен притисок, шеќер во крвта, зголеменото ниво на масти во крвта, како и намалување на злоупотребата на пушење и алкохолни пијалоци“, вели Јовева.

Таа додава дека денешниот ритам и начин на живот многу придонесува за мозочен удар, какошто се седење, стрес и лоша исхрана се клучни ризици.Јовева рече дека според американските истражувања, на секои четири секунди некој доживува мозочен удар, а на секои четириесет минути некој го губи животот од мозочен удар.

„Тоа ни ја кажува сериозноста за акутната состојба на мозочниот удар“, рече Јовева.

 Бројот на мозочни удари расте, а лекарите и понатаму алармираат дека ризикот не треба да се игнорира. Навремена грижа за здравјето и следење на ризик-факторите може да спаси животи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни