Растењето со брат помага да бидете подобра личност

Браќата се тука кога ни треба рамо за плачење, кога ни е потребна помош или кога ни е потребна поддршка. Истражувањата потврдуваат дека постојат докажани предности за девојчињата кои растат со брат во семејството.
Фото: Freepik

„Половата сегрегација во детството значи дека децата со браќа и сестри од спротивен пол имаат единствена можност да научат како да комуницираат со другиот пол“, објаснува Сузан М. Мекхејл, директорка за социјални студии на Универзитетот Дјук.

Брат може ве прави подобра личност

Студијата од 2014 година спроведена на Универзитетот Бригам Јанг покажа дека растењето со брат или сестра ја прави личноста посочувствителна.

Уште повеќе, истражувачите откриле дека блискиот однос со браќата и сестрите, исто така, промовира алтруизам кај тинејџерите, особено кај момчињата – што може да има големо влијание врз целото семејство.

„Нашето истражување покажа дека повеќето врски не се толку важни за момчињата како што се за девојчињата“, вели една од авторките на студијата, Лаура Падила-Вокер.

„Но, односите меѓу браќата и сестрите беа различни, се чини дека меѓусебната наклонетост меѓу децата беше подеднакво важна и за момчињата и за девојчињата. Истражувањето исто така покажа дека сестрите кои растат со браќа имаат подобри комуникациски вештини од оние деца кои растат само со сестри или кои растат сами“.

Како што објасни Мекхејл, тоа би можело да биде затоа што браќата „се извор на информации и совети кога адолесцентите почнуваат да развиваат хетеросексуални односи“.

Кога вашиот брат е исто така еден од вашите пријатели, поголема е веројатноста да чувствувате многу помалку стрес. Студија од 2011 година покажа дека поминувањето време со машки пријатели го намалува нивото на кортизол, хормон во телото кој го контролира стресот.

Со други зборови, братот ви помага да се смирите дури и кога сè околу вас изгледа хаотично.

Ако вашиот брат е фит и се храни здраво, големи се шансите дека ќе ги споделите неговите навики. Половина од испитаниците откриле дека нивното семејство има најголемо влијание врз нивното здравје и начин на живот, а повеќе од една третина изјавиле дека нивните најблиски имаат најголемо влијание врз нивната исхрана.

Извор: 24сата

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни