Бројот на странските туристи лани порасна за 10,3 отсто

Вкупниот број туристи во земјава во 2025 година е зголемен за 6 отсто во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растот главно го носат странските посетители, чиј број е поголем за 10,3 отсто, додека кај домашните туристи е регистрирано намалување од 2,2 отсто.

Бројот на ноќевањата бележи умерен раст од 0,8 отсто. Кај домашните туристи има пад од 4,1 отсто, додека ноќевањата на странските туристи се зголемени за 6,4 отсто, што укажува на засилен интерес од странство.

Во декември 2025 година, странските туристи учествувале со 63,3 отсто од вкупниот број посетители, додека домашните со 36,7 отсто. Вкупно биле остварени 112.001 ноќевање, при што 57,6 отсто се од странски, а 42,4 отсто од домашни туристи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни