Раст на акциите на берзите: технологијата води по бумот во ИИ

Акциите на Вол Стрит забележаа значителен скок, предводен од компаниите во технологијата како Broadcom, Micron и Nvidia, поттикнати од еуфорија околу ИИ.

На Вол Стрит во понеделникот цените на акциите забележаа силен раст, особено во технологијата, надоместувајќи дел од загубите од претходниот петок, кога пазарот беше погоден од најавата за дополнителни царини на увозни кинески производи во САД.

Индексот Dow Jones порасна за 1,29 % до 46.067 поени, S&P 500 порастна за 1,56 % до 6.654 поени, а Nasdaq се искачи за 2,21 % до 22.694 поени.

Најголем раст забележаа акциите на неколку технолошки корпорации, благодарение на продолжената еуфорија околу ИИ. Акцијата на производителот на чипови Broadcom се зголеми за речиси 10 %, Micron Technologies над 6 %, а Nvidia речиси за 3 %. Индексот PHLX на производителите на чипови скокна за околу 5 %. Следеа акции како Oracle, со раст поголем од 5 %.

И покрај тоа, аналитичарите предупредуваат на претпазливост:
„Развојот на вештачка интелигенција е и понатаму главниот мотор на пазарот, па не е изненадување што инвеститорите купуваат акции што силно паднаа во петокот. Но треба да се внимава додека не се разреши конфликтот меѓу Вашингтон и Пекинг“, вели Сам Стовал, стратег во компанијата CFRA Research.

Засега, берзите повратија голем дел од загубите од петокот, кога пазарот беше потресен од претседателот Трамп што најави воведување на 100 % царини за кинески производи од 1 ноември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни