Тоа беше гласот на генерацијата што сфати дека заборавот е форма на смрт и дека нација што повеќе не ги оплакува своите предци не може да ги сака своите деца. Здружението се затвора како административна и правна форма, но неговиот дух останува жив во оние што го разбрале и го почувствувале, се истакнува на Фејсбук профилот на здружението.
Претставниците на здружението не исклучуваат дека може да се појави под друго име или на друга локација со иста цел и повик за мир.
Романското обвинителство во февруари 2025 година изврши претрес во седиштето на здружението како дел од случај поврзан со финансирањето на претседателската изборна кампања на Георгеску.
Георгеску, кој победи во поништениот прв круг од минатогодишните претседателски избори, е под истрага за шест кривични дела, од кои најтешко е поттикнување на акции против уставниот поредок. Тој е обвинет за организирање план за дестабилизација на Романија со помош на платеници предводени од Хорасио Потра, откако Уставниот суд ги поништи изборите.
Георгеску на 27 мај објави дека се повлекува од политиката.