Распродадени се билетите – Скопје ќе ја чека првата европска титула на РК Алкалоид

Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот

Екипата на РК Алкалоид во недела ќе го пречека тимот на АЕК од Атина во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп, а од скопскиот клуб денеска објавија дека сите влезници за натпреварот кој ќе се игра во „Борис Трајковски“ се рапсродадени.

„Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот. Вашата поддршката многу ни значи! Ви благодариме! Достоинствено да навиваме и да го поддржиме нашиот клуб во големото европско финале, на патот до европска титула! Се гледаме во сала“ – стои во соопштението на РК Алкалоид.

Алкалоид има предност од првиот меч кој го доби со 29:25 па ако успее да ја сочува оваа предност, тогаш ќе го освои и првиот европски трофеј.

До сега, Скопје три пати се радуваше на европски клупски ракометен трофеј. Прво со Кометал Ѓорче Петров кога беше освоена Лигата на шампионите во далечната 2002 година во женска, додека во машка конкуренција истото, (во 2017 и 2019 година) го стори РК Вардар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни