Со сопругот, кантри ѕвездата, Кит Урбан и семејството, славната оскаровка деновиве престојува во Австралија.
Празничното време го искористила да ужива на песочните плажи во Сиднеј, а од силното сонце се заштитила со костим за капење со долги ракави, капа и незаменливи очила за сонце.
Како и многу дами, и таа самата не можеше да им одолее на анатомските влечки Аризона потпишани од германскиот бренд Birkenstock, кои ги откри со ова издание на плажа.
Извор: tportal.hr