Друштвото на ликовни уметници го распишува повикот за Интернационалното графичко биенале ДЛУМ 2024 и на него ќе може да се аплицира до 5-ти септември 2024 та година.
Интернационалното графичко биенале на ДЛУМ е значаен настан на современата меѓународна графичка сцена. Неговото шесто издание ќе биде организирано како онлајн изложба на ФБ страната на ДЛУМ од 15 – 30 септември 2024 година.
Повикот е отворен за сите уметници од целиот свет, без ограничување во години или за национална припадност. Заинтересираните уметници треба да го пополнат формуларот за учество, да испратат најмногу 2 фотографии од графики со резолуција 300 dpi во pdf ili jpg, а за учесниците кои не се членови на ДЛУМ, треба да испратат кратка описна биографија до 100 збора.
Прифатени техники: сува игла, бакропис, акватинта, линорез, дрворез, интаглио, висок печат, литографија, сито-печат (silkscreen), дигитални графики.
Техники кој што се неприфатливи: фотографија, монотипија, фотокопија, фротаж.
Дигитално доставените дела нема да се ограничуваат во димензии. Презентираните дела мора да бидат создадени во последните две години (2023,2024). Пријавувањето за учество е бесплатно.
Селектори на изложбата и жири: графичари од Уметнички совет и Управниот одбор на ДЛУМ и гости професионални графичари ќе ги селектираат и оценуваат пристигнатите дела.