Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, го распишува повикот за фнасирање на проекти во рамките на Меѓународниот фонд за културна разновидност за 2024 година.
Предлог-проектите треба да се достават преку официјалната платформа на УНЕСКО за аплицирање, најдоцна до 14 јуни 2024 година.
Преку отворен и конкурентен процес, УНЕСКО финасира иновативни проекти до 100.000 УСД, имплементирани во период од 12-24 месеци. Проектите ќе се оценуваат врз основа на нивната релевантност, изводливост, капацитет за финансиски менаџмент и очекувани резултати.