Распишан поетскиот конкурс за 57 Детски Рацинови средби

Конкурсот ќе биде отворен до 31 октомври, а право на учество имаат ученици од шесто до девето одделение од oсновните училишта и ученици од прва до четврта година од средните училишта.

Општина Велес распишува конкурс за 57 мите Детски Рацинови средби кој ќе биде отворен до 31 октомври, а право на учество имаат ученици од шесто до девето одделение од oсновните училишта и ученици од прва до четврта година од средните училишта.

Творбите се класифицирани во две категории: за основно и за средно образование.

Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу до пет поетски творби. Најзначајно е детските песни да се оригинални и соодветни на темата.

Поетските творби да се испратат на е-адреса: detskiracinovi57@gmail.com со назнака „за поетски конкурс“ .

Откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот и времето на одржување на Манифестацијата.,

Детските Рацинови средби се одржуваат секоја година во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни