Распеани Валандовчани – 40 вљубеници во изворната македонска музика и визијата на Мирко Попов

Оваа плоча е дел од прогресивната мисла и визија за поквалитетен живот во нашата земја, која Мирко Попов неуморно ја градеше преку продуцирање, издавање и промовирање автохтона македонска музика, вткаена во творештвото на различни генерации автори и изведувачи. „Распеани Валандовчани“ ќе се надоврзе во низата од 300 изданија македонска музика, како дел од работата на Попов. Винилот ќе излезе за „ПМГ Џез“ во продукција на Здружението за развој на музика и култура „Крај Вардарот“

Изданието на ансамблот„Распеани Валандовчани“ ќе биде 14то по ред винил издание на македонска музика, како резултат на работата на Мирко Попов и неговите соработници. Оваа плоча, ќе кажат неговите соработници, е дел од прогресивната мисла и визија за поквалитетен живот во нашата земја, која Мирко Попов неуморно ја градеше преку продуцирање, издавање и промовирање автохтона македонска музика, вткаена во творештвото на различни генерации автори и изведувачи. Изданието е продуцирано во соработка со Владан Дробицки. Куриозитет е дека музичкиот запис ќе излезе на винил, кој се смета за најквалитетниот и најценет носач на звук во светот на музиката.

„Распеани Валандовчани“ ќе се надоврзе во низата од 300 изданија македонска музика, како дел од работата на Попов. Овој музички проект, воспоставува и историска врска со семејното потекло на скопјанецот Мирко Попов. Неговиот дедо-истоименик Мирко Попов, кој потекнува од Валандово, бил еден од најпочитуваните граѓани и јавни личности, кој со својата работа придонел во општествениот и културен развој на општината. Винилот ќе излезе за „ПМГ Џез“ во продукција на Здружението за развој на музика и култура „Крај Вардарот“.

– Приказната за „Распеани Валандовчани“е повеќе на Мирко отколку моја. Малку луѓе знаат дека тој потекнува од Валандово. Целата негова фамилија по татко се Валандовчани. Инаку се работи за ансамбл од вкупно 40 тина изведувачи од кои 10 тина само на инструменти. Другиот дел е хор. Градски хор. Изборот на песни го направи Мирко. Тој неколку пати го следел ансамблот, на концерти и настапи во околина на Валадндово и во Валандово, и заклучил дека тие 8 копозиции се тие кои треба да бидат на изданието. Јас лично на ова гледам како на некоја оставштина која Мирко ја остави позади себе, меѓу другите работи кои ги правеше. На некој начин е добро да се има документ кој ќе покаже дека во 2024 односно во почетокот на 21 век, во едно место кое се вика Валандови имало 40 ентузијасти вљубеници во музика кои и покрај сите овие премрежија кои ги има во државата, негуваат и творат автентична македонска народна музика -вели Владан Дробицки, продуцент на проектот

Владан Дробицки

Наследство за генерациите кои доаѓаат

Распеани Валандовчани официјално функционираат и се регистрирани од 1973 година, но неофицијално постојат од 1946 година кога е формирано КУД Гоце Делчев Валандово, а е формирано врз осова на постоечкиот граѓански хор, младински хор и музичка секција.

-Значи од 1946 година во Валндово постојат хорско пеење и музичка секција. Уште од тогаш се негува нашата староградска песна. Тоа се прави исклучиво заради љубов кон нашата традиција, нашето идентитетско богатство, нашата музика и музичка култура и затоа се нафативме на овој прокет со Мирко Попов, затоа што на првиот состанок со него, видовме кај него една желба да го направи тоа истото. Да остави за себе и за индните генерации едно културно наследство – вели за Трн Зоран Стојчев, претседател на Распеани Валандовчани

Зоран Стојчев, претседател на Распеани Валандовчани

Неговиот прв запис на винил е од 1974 година, издаден за Радио-Телевизија Белград. По точно 50 години, ансамблот со рецентниот состав ќе добие ново винил издание за македонски издавач, благодарение на иницијативата на Мирко Попов и соработката со „Распеани Валандовчани“ и Општина Валандово.

Петар Ризов – раководител на хорот

-Значењето е големо бидејќи тоа е оживување на нашите стари македонски песни на нашиот крј. Ние ги направивме во нови аранжмани и нови руво и ќе останат за понатаму. За во иднина да можат да ги слушаат нашите потомци, вели Петар Ризов – раководител на хорот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни