Светската метеоролошка организација (СМО) предупредува:

Рапидниот пораст на Јаглерод диоксидот е сериозна закана за животот на планетата

Јаглерод диоксидот (CO2) се акумулира во атмосферата побрзо отколку во кое било време од човековото постоење и се зголемил за повеќе од 10 проценти за само две децении, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на СМО.

Во 2023 година нивото на емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина достигна нов рекорд, поради што температурите на нашата планета ќе растат уште многу години, се вели во најновиот извештај на Светската метеоролошка организација (СМО).

Јаглерод диоксидот (CO2) се акумулира во атмосферата побрзо отколку во кое било време од човековото постоење и се зголемил за повеќе од 10 проценти за само две децении, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на СМО.

Се додава дека за ова придонеле емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од големите шумски пожари, како и можното намалување на количината на јаглерод апсорбирана од шумите, во комбинација со високите нивоа на емисии на јаглерод диоксид од фосилните горива.

“Уште еден рекорд. Ова би требало да биде аларм меѓу носителите на одлуки. Јасно е дека не сме на пат да ја исполниме целта поставена со Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување и намалување на температурите на помалку од два Целзиусови степени, а целта е 1,5 степени во споредба со прединдустриските нивоа. Тоа не е само статистика, бидејќи зголемувањето на температурата за само дел од степен влијае на нашите животи и на планетата“, истакна генералниот директор на Светската метеоролошка организација Селест Сауло.

Извештајот за емисиите на Светската метеоролошка организација е исто така објавен за да се обезбедат информации за Конференцијата на ОН за климатски промени. За 20 години од објавувањето на извештајот, нивото на емисиите на јаглерод диоксид се зголемило за 11,4 отсто.

Извештајот не предупредува дека се соочуваме со потенцијално опасен циклус. Во блиска иднина, климатските промени може да доведат до тоа екосистемите да станат поголеми извори на штетни емисии на гасови, предупредува заменик генералниот секретар на СМО, Ко Барет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни