Рангирање на просечната плата во Европа: Кои земји се на врвот, а кои на дното?

Просекот на ЕУ изнесува 37.863 евра

Земајќи го предвид стандардот за куповна моќ (ППС), јазот во просечните годишни плати со полно работно време низ ЕУ е помал во однос на номинална смисла, иако постојат значителни разлики.

Постојат различни показатели за споредба на платите и заработката, но новата пресметка на Еуростат, односно просечна годишна приспособена плата со полно работно време по вработен, се издвојува како особено корисна. Се проценува од просечната годишна бруто плата за работа со полно работно време.

Според Еуростат, во 2023 година, просечната годишна прилагодена плата со полно работно време по вработен се движела од 13.503 евра во Бугарија до 81.064 евра во Луксембург, при што просекот на ЕУ изнесува 37.863 евра.
Девет земји-членки пријавиле плати над просекот на ЕУ, додека 17 земји паднале под просекот. Холандија не е вклучена во податоците поради разлики во методологијата. Покрај во Луксембург, приспособената просечна плата беше над 50.000 евра во уште пет земји, односно во Данска (67.604 евра), Ирска (58.679 евра), Белгија (57.989 евра), Австрија (54.508 евра) и во Германија (50.988 евра). Над просекот на ЕУ исто така се рангирани и Финска, Шведска и Франција.

На дното е Бугарија (13.503 евра), а ја следат Унгарија (16.895 евра), Грција (17.013 евра), Романија (17.739 евра), Полска (18.054 евра) и Словачка (19.001 евра), сите со годишни плати под 20.000 евра. Италија и Шпанија паѓаат под просекот на ЕУ, со годишни плати од приближно 32.500 евра.

Еуростат почна да ги пресметува „просечните прилагодени плати за полно работно време по вработен“ по усвојувањето на Директивата за синиот картон во 2021 година. Оваа мерка служи како праг за доделување работни дозволи на висококвалификувани работници на национално ниво. Според метаподатоците на Еуростат: „Практично, индикаторот претставува плата доволна за пристојно живеење во земја-членка“. Платата се коригира со претворање на платите со скратено работно време во бруто еквиваленти на полно работно време.

Работата со скратено работно време останува значаен тренд во Европа. Според Еуростат, лани, 17% од вработените на возраст од 20 до 64 години во ЕУ работеле со скратено работно време. Овој процент беше уште поголем во некои земји, како што се Германија со 29% и Холандија со 39%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни