Ракометна битка во Скопје: Македонија ја пречекува Словенија

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе ја има најголемата проверка досега во квалификациите за Европското првенство 2026, соочувајќи се со селекцијата на Словенија.
Фото: РФМ

Нашиот национален тим веќе има една победа против Естонија и еден пораз од Литванија, но по одличниот настап на Светското првенство во јануари, влегува со зголемена самодоверба во овој натпревар.

Словенија пристигна во Скопје со сериозни проблеми во составот, отсуствуваат неколку клучни играчи како Доленец, Мачковшек, Цехте, Овничек, Ферлин и други.

Дуелот се игра вечерва од 20 часот во „Борис Трајковски“, каде што македонските навивачи ќе дадат максимална поддршка на нашите ракометари.

„Имаме голем респект кон Словенија, тоа е сериозна репрезентација која не пропушта големи првенства, редовен учесник и на Олимписки игри, имаа добар олимписки циклус. Тоа е тим со квалитетни играчи и според мене е во Топ 10 репрезентациите. Ќе биде двомеч во кој ќе ни се пружи убава шанса да се надигруваме со нив. Првиот меч, пред полна сала имаме шанса не само да им отежниме, зошто да не се надеваме и на позитивен резултат“, вели Жарко Пешевски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни