Ракометен спектакл во Битола: Доаѓа европскиот првак Магдебург

Магдебург е актуелен освојувач на Лигата на шампиони и претендент за нова титула, што ќе биде голем предизвик за битолската екипа

Вечерва во 20.45 ќе се одигра мечот од деветтото коло во ракометната Лига на шампиони каде во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ќе го дочека германскиот тим Магдебург.

Магдебург е актуелен освојувач на Лигата на шампиони и претендент за нова титула, што ќе биде голем предизвик за битолската екипа.

Тренерот на домаќините Рубен Гараја рече дека е свесен кој е фаворит на мечот но и дека очекува интересен натпревар и силна поддршка од трибините.

„Воопшто не е лесно да се игра против Магдебург. Имаме искуство од првиот натпревар и треба многу работи да подобриме за да имаме шанси против нив. За среќа сега го имаме комплетниот состав. Мора да обратиме внимание на нивниот контра напад. Постигнуваат многу голови од контра напади. Лесно е да се каже дека тоа може да се сопре, треба да се реализира на терен и да се биде максимално фокусиран. Верувам дека ќе биде поинаку за разлика од првиот меч. Најмногу заради тоа што играме на домашен терен. Воопшто не е лесно да се игра тука, во оваа атмосфера“ рече тој.

Европскиот ракометен гигант Магдебург по втор пат гостува во салата во Битола, а прв пат тоа се случи во сезоната 2020/2021 во ЕХФ ракометна лига.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни