Рајанер ја зголеми својата годишна прогноза за раст на бројот на патници и изјави дека профитот за целата година треба да се зголеми, откако беше откриено дека цените на билетите на превозникот растат повеќе од очекуваното.
Ирскиот нискобуџетен превозник превезе 47,5 милиони патници во третиот квартал, што е за шест проценти повеќе во однос на претходната година, и изјави дека сега очекува бројот на патници да порасне за четири проценти на речиси 208 милиони во 2025-26 година поради силната побарувачка и порано од очекуваните испораки на авиони Боинг.
Тоа е зголемување во однос на претходните прогнози од 207 милиони патници.
Просечните цени на билетите се зголемија за четири проценти на 44 евра во третиот квартал до крајот на декември, а превозникот изјави дека сега очекува цените да пораснат за околу девет проценти, во споредба со претходно прогнозирано зголемување од седум проценти.
„Рајанер“ изјави дека „претпазливо прогнозира“ основна добивка по оданочување за целата година од 2,13 до 2,23 милијарди евра, објави „Индепендент“.
