Search

„Радикално Навивање“- Изведба за танцот како форма на протест

Локомотива ги кани гледачите да ја проследат  „РАДИКАЛНО НАВИВАЊЕ“, втората претстава во рамки на ПЕРФОРМАНС ПЛАТФОРМА ФЕСТИВАЛ во режија на Зуфит Сајмон, на 21ви мај со почеток од 20:00 во MКЦ.

Влезот е слободен. Поради ограничениот број седишта, доколку сакате да го осигурате своето место, ве молиме да направите резервација на lokomotivaskopje2015@gmail.com

Претставата е наменета за публика над 16 г. возраст!

За претставата:

Телесниот отпор и кореографските протести во јавните простори станаа ефективни и моќни средства за мирни демонстрации во капиталистичките демократии . Развиени од страна на квир феминистичките активисти во 1990- тите , т.н. „ радикално навивање“ комбинира ненасилни, директни акции со театарски елементи . Навивањето е добро познато во форма на организирани навивачки групи на спортски натпревари. Креаторите на оваа изведба ги користат и субвертираат кодовите на навивањето да ги пренесат своите пораки. Гламурот, сјајот и миксот од различни слогани се компоненти на оваа радосна, сатирично – алтернативна форма на милитантните форми на протест. Со жестокост, прецизност и хумор, на хетерогениот ансамбл предводен од страна на кореографот Зуфит Сајмон (Zufit Simon), кој исто така се појавува на сцената, го поставува прашање за што е вредно да се излезе на улица.

“Таа имплементира јасен концепт и ефективни слики со одлично вештина и интензитет. Заедно со својот ансамбл, Зуфит Симон успеа да создаде извонреден танцуваачки перформанс со хумор и длабочина од мирната протестна форма Радикално Навивање“. “Од номинациската изјава за „DER FAUST“, Германска театарска награда 2023 – Танцова продукција

Уметничка режија, кореографија: Зуфит Сajмон (Zufit Simon)
Танц, креација: Дорота Мичалак (Dorota Michalak), Ерика Лео/Софи Принс (Erika Leo/Sophie Prins), Сунајана Шети (Sunayana Shetty), Кери Шиу (Cary Shiu), Зуфит Сајмон (Zufit Simon)

Звук: Фредрик Олофсон (Frederik Olofsson)

Дизајн на осветлување: JOM
Костим: Мирела Оестрајкер (Mirella Oestreicher)

Надворешно око: Клариса Рего (Clarissa Rêgo), Мориц Гагерн (Moritz Gagern)

Продукциски менаџер: Дитрих Оберландер (Dietrich Oberlander)

Односи со јавност: Бит Зелер (Beate Zeller)

Времетраење : приближно 70 минути

Фотографирање и видео снимки за време на перформансот не се дозволени

За авторката:

ЗУФИТ САЈМОН e изведувачка и кореографка, родена во Израел, завршила средно училиште за танц и студирал современ танц на Универзитетот за музика и изведувачки уметности (HfMDK) во Франкфурт на Мајна. Нејзините дела биле прикажани на национални и меѓународни фестивали, како во Италија, Австрија, Танзанија, Чешка, Полска и Франција. Зуфит Сајмон беше избрана да го претстави своето соло „Wild Thing“ на Tanzplattform Deutschland во Дрезден во 2012 година и се претстави со кореографскиот концерт „I LIKE TO MOVE IT“ на Tanzplattform Deutschland во Kampnagel Hamburg во 2014 година. Помеѓу 2016 и 2019 година таа ја развива трилогијата „не-емотивно“ за врската помеѓу јазикот на телото, изразите на лицето и гестовите. Од 2015 година соработува со режисерот Мориц Шенекер (Moritz Schönecker) во Theaterhaus Jena, каде ги курира танцовите серии во сезоната 2017/2018. Зуфит Сајмон е член на асоцијацијата на кореографи Tanztendenz München e.V. од 2016 година.
Зуфит Сајмон (Zufit Simon) работи со музичарот и видео уметник Фредрик Олофсон (Fredrik Olofsson) веќе десет години; тој бил вклучен во сите нејзини изведби во последите години. Во 2019 година, SCHÄUME (FOAMS), кореографско истражување на нестабилноста, беше продуцирана во LOT-Theater Braunschweig. STRANGE FOREIGN BODIES, инспириранa од „58 Notes on the Body“ од Жан-Лук Нанси (Jean-Luc Nancy, беше премиерно прикажана во 2020 година во schwere reiter, Минхен. Самостојното дело „Passable, not Presentable“ за еврејската радикална феминистка Шуламит Фајрстоун (Shulamith Firestone) премиерно беше прикажано во LOT-Theater во 2021 година, имаше неговата премиера во Минхен на schwere reiter во 2022 година и беше изведена таму повторно во 2023 година.

Оваа претстава во рамки на фестивалот ППФ е во соработка со фестивалите Антистатик од Софија и Конденз од Белград.

Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Гете-Институтот од Скопје.

Најново

Последни колумни