Шансониерот и актер со холивудска славаа, Раде Шербеџија вечерва во Скопје во Македонска филхармонија ќе го одржи концертот ,,Због тебе, због себе, због других’’, со репертоар во кој ќе ги има сите класици, како ,,Не дај се Инес’’, ,,Мени се душо од тебе не растаје’’, ,,Чекај ме’’, ,,Имам пјесму за тебе’’ и многу други, во присуство на неговиот оркестар ,,Западни колодвор’’.
Концертот ќе започне со неколку минутна тишина во чест на жртвите од трагедијата во Нови Сад и како поддршка на студентскиот протест во Нови Сад.
Концертите на Шербеџија секогаш завршуваат со бурна и емотивна разделба со публиката… И поради тоа, долго и се паметат.
И оваа вечер ќе биде таква.