Причината?
Марципанот, поради својата густа текстура, на безбедносните скенери може да изгледа како експлозив. Според Џон, кој работи со багаж на аеродром, доколку се сомневаат во содржината, вашиот куфер ќе биде издвоен, а вие ќе бидете повикани на дополнителна проверка – што може да значи дека нема да стигнете навреме на летот.
„Има иста густина како одредени експлозиви. Ќе ви го издвојат багажот и ќе ве повикаат на скенирање. Никогаш не го носете марципанот во регистрираниот багаж“, предупредува Џон за RSVP Live.
Дополнителни совети:
- Отстранете ги старите етикети од претходни патувања од вашиот багаж – тие можат да создадат конфузија при скенирање.
- Врвките и обележувачите на куферите кои ги користите за полесно препознавање можат да го попречат автоматското скенирање.
- Во рачниот багаж не смее да носите течности над 100 ml, па затоа внимавајте и на козметика, сјај за усни, течен ајлајнер, па дури и на храна како што се џемови и сосови.
Со овие совети, вашето патување ќе започне безбедно и без непотребни доцнења.
Проверете двапати што пакувате – и заборавете на марципанот!