Работниците во Данска ќе чекаат подолго за пензија

Данскиот парламент усвои закон со кој постепено се зголемува старосната граница за заминување во пензија до 70 години, и тоа до 2040 година. Со ова Данска станува земја со највисока возраст за пензионирање во Европската Унија.

Откако во 2006 година беше воврзана старосната граница за пензија со просечниот животен век (во Данска околу 82 години), границата за заминување во пензија се прилагодува на секои пет години. Во моментов таа изнесува 67 години, а се предвидува да порасне на 68 години во 2030 година и на 69 години во 2035 година.

Новата граница од 70 години ќе важи за сите родени по 31 декември 1970 година.

Многумина работници во Данска ја сметаат оваа промена за неправедна, особено оние кои работат физички тешки работи.

„Работиме и работиме, но не можеме вака да продолжиме“, вели Томас Јенсен за данските медиуми.

„Можеби е полесно за оние кои работат во канцеларии, но за физичките работници ова е многу тешко. Цел живот плаќав даноци. Треба да остане и време за децата и внуците“, додава Јенсен, пренесува порталот DK.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни