Работниците на Амазон во САД започнаа штрајк со глад

Синдикатот соопшти дека претставува речиси 10.000 работници во десет објекти на Амазон, што е само мал дел од милион и пол луѓе, колку што Амазон вработува во своите магацини и канцеларии.


Работниците во седум објекти на компанијата Амазон вчера започнаа штрајк со цел да го принудат работодавачот да потпише колективен договор за време на празниците.

Синдикатот на транспортери и камионџии Тимстер, кој е најголем во Соединетите Американски Држави, соопшти дека работниците, кои најавија штрајк пред неколку дена, започнуваат со протестите, пренесува РСЕ.

Како што наведуваат, на овој чекор се одлучиле откако Амазон го игнорираше рокот кој истече минатата недела за започнување на преговори со синдикатите за колективен договор.

Во Амазон, сепак, сметаат дека штрајкот нема да има влијание на работењето.

Синдикатот соопшти дека претставува речиси 10.000 работници во десет објекти на Амазон, што е само мал дел од милион и пол луѓе, колку што Амазон вработува во своите магацини и канцеларии.

Штрајкот кој беше започнат денеска ја погодува една Амазонова складишта во Сан Франциско и шест станици за испорака во јужна Калифорнија, Њујорк, Атланта и Скоуки во Илиноис, соопшти Тимстер.

Сепак, беше наведено дека и работниците на Амазон во други објекти “се подготвени да се приклучат” на штрајкот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни