Пократка работна недела во Шпанија, 35 часа за државните службеници

Шпанија од април ќе воведе пократка работна недела во централната државна администрација, намалувајќи го работното време од 37,5 на 35 часа неделно.

Мерката ќе опфати околу 246.000 вработени и е поддржана од трите главни синдикати – УГТ, ЦЦОО и ЦСИФ, кои сметаат дека ќе придонесе за подобрување на условите за работа.

Министерот за јавна администрација, Оскар Лопез, најави дека деталите за примената ќе бидат утврдени во рок од 15 дена.

Промената доаѓа поради разликите во работното време меѓу централната администрација и автономните заедници, каде што дел од службениците веќе работат 35 часа неделно.

Според синдикатите, новиот модел ќе помогне да се намали оваа нерамноправност и ќе овозможи подобар баланс меѓу приватниот и професионалниот живот.

Дополнително, се воведува и нова функција „негувател“, која ќе обезбеди институционална поддршка за вработените што се грижат за член на семејството или лице со сериозен здравствен проблем.

Новите правила предвидуваат работниот распоред да се прилагодува на обврските за грижа, со цел подобра работна флексибилност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни