Работилници за млади на филмски фестивали во рамки на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“

Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts.

На повикот беа пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња од кои 16 од Македонија, Босна и Херцеговина, Србика, Албанија и Црна Гора.

Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Патните трошоци за учество на Младинскиот филмски фестивал во Сараево ќе бидат покриени за 24 младинци од кои 8 од земјава.

Поддржани се уште седум учесници да патуваат во Ужице, Србија на Teen Doc работилницата во рамките на Филмскиот фестивал за документарни филмови „Интеракција“.

„Култура и креативност за Западен Балкан“ е финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни