На 6 -ти и на 7-ми јуни во Библиотека на МСУ ќе се одржат две работилници „Меме-размислување“ и „Мем-создавање“.
На првата од работилниците наречена „Меме-размислување“, ќе се дискутира за теоретски пристапи кои се однесуваат на студиите на медиумиите, студиите на културата, историјата на уметност, илустрирајќи како мемињата може да се контекстуализираат во оваа рамка. Во втората „Мем-создавање“, ќе се помине чекор-по-чекор низ процесот на правење меми и ќе започне со создавње меми во колаборативен формат.
Џем А. е уметник со студии во областа на антропологијата. Тој е познат како креаторот на страницата за уметнички мемиња @freeze_magazine и по неговите интервенции и контекст-специфични инсталации. Неговата работа истражува теми како опстанокот и отуѓувањето во светот на уметноста, често преку хиперрефлексивен објектив и колаборативни проекти.
Од самостојни изложби и инсталации вредни да се напоменат се во музејот Луизијана (Louisiana Museum of Modern Art), Центарот Барбикан (Barbican Centre), Берлинската галерија (Berlinische Galerie), музејот Визбаден (Museum Wiesbaden). Неговите дела беа вклучени во Документа 15 (documenta 15), Истамбул Модерн (Istanbul Modern), Мудам Луксембург (Mudam Luxembourg), Клима Биенале Виена (Klima Biennale Wien) и 14. Биенале на млади уметници Музеј на современа уметност Скопје. Џем А има одржано предавања на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон (Royal College of Art London), Сентрал Sеинт Мартин (Central Saint Martins), Хеад Женева, (HEAD Geneve), ХДК Валанд (HDK Valand) и Univerzitetot za umetnost vo Berlin (Universität der Künste Berlin).
Заинтересираните можат да се пријават на работилницата пополнувајќи го https://forms.gle/aXwbSbnKifjd56yr7
Рокот за пријава е отворен од 29ти мај до 6ти јуни.