Во рамки на манифестацијата „Today It’s All About Jazz“ во склоп на одбележување на Светскиот ден на џезот, во второник на 30-ти април со почеток во 13 часот ќе се одржи работилница за наjмладите џезери.
Работилницата “Џез за деца” e наменета за деца од 3 години па нагоре и во нејзини рамки најмладите ќе имаат можност да се запознаат со музичките инструменти кои се користат во Националниот џез оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција која ќе ја создадат џезерите на лице место.
Во работилницата ќе може да учествуваат сите присутни дечиња, без претходно пријавување.