Работилница за ученици со типичен и атипичен развој – ,,Книгата- прозорец кон светот “

Работилницата е во организација на Центарот за помош и поддршка на деца и лица со попреченост ,, Сложувалка Срце ”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Во петок на 27 септември во 17 часот во дневна соба при НУУБ ,,Св. Климент Охридски” Битола во организација на Центарот за помош и поддршка на деца и лица со попреченост ,, Сложувалка Срце ” ќе се одржи осмата по ред работилница од проектот ,, Книгата- прозорец кон светот ”

,,И есента, како и пролетта е посебна, а и жолтите бубамари се прекрасни на свој начин! Во месец септември, месец кој го краси мелодија на училишно ѕвонче и ученички џагор, месец на жолтата есенска боја, преку приказната за ,, Лара, жолтата бубамара “да научиме корисни советиза тоа како треба да се однесуваме со различностите, во училиште, на часовите, на голем одмор, во училишниот двор, насекаде каде што не води нашето палаво детско срце… ” велат организаторите.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а учество може да земат ученици со типичен и атипичен развој.

Најново

Последни колумни